Terramakedonika |
19843
home,page-template,page-template-full_width,page-template-full_width-php,page,page-id-19843,ajax_fade,page_not_loaded,,select-theme-ver-1.7,wpb-js-composer js-comp-ver-4.3.4,vc_responsive

ИНСПИРИРАНO ОД ПРИРОДАТА
ДОПРЕНO ОД БИЛКИТЕ
ИСПОЛНЕТO СО ЖИВОТ


ПРВО ВИНО ВО СВЕТОТ ПРЕТОЧЕНО НИЗ БИЛКИ

Тера Македоника е суво црвено вино од сортата Вранец по чиј вкус трагавме повеќе од 15 години. Вранецот му дава интензивна темноцрвена боја, раскошен и длабок вкус на зрело темно овошје и зачини, но неговата длабочина и компелксност не доаѓа само од Вранецот. Уникатноста на Тера Македоника лежи во допирот на виното со лековитите билки и диви цветови кои растат на ова поднебје.

sise_B2

НАШАТА ПРИКАЗНА

Инспирирани од природата, водени од желбата да создадеме поинакво вино, потпирајќи се на искуството и на најдобрата технологија, го создадовме виното Тера Македоника.

 

Преку иновативен процес и единствена рецептура, направивме вино филтрирано низ мешавина на диви цвеќиња и билки, вино кое не ја содржи нивната арома, туку само хранливата суштина. Успеавме да го надминеме најголемиот технолошки предизвик и да ја пренесеме животворната сила на македонскиот тероар, со неа да ги засилиме добро познатите придобивки на виното, но притоа да го зачуваме автентичниот вкус на Вранецот.

РЕГИОН

Овче Поле е значаен вински регион во Република Македонија и во него се наоѓаат лозовите насади од коишто се произведуваат вината Тера Македоника. Се смета за еколошки најчист регион во Македонија и на ова исклучиво погодно поднебје се одгледуваат повеќе сорти грозје, меѓу кои и Вранецот од кој се добива виното Тера Македоника.

1

КЛИМА: континентално-субмедитеранска

2

СОНЧЕВИ ДЕНОВИ ГОДИШНО: 160 дена

3

ВРНЕЖИ: 400 – 500 мм/годишно

4

ВЛАЖНОСТ НА ВОЗДУХОТ: умерена

5

ВИСИНА: 330 – 560 метри

6

ТЕРЕН: ридест со благи падини

7

ПОЧВА: солена со примеси на песоклива почва

8

СОРТИ: Вранец, Кабернет Совињон, Мерло, Кратошија, Плавац, Пино Ноар, Кавадарка Шардоне, Смедеревка, Ризлинг, Совињон Бланк, Мускат отонел и Жилавка.

9

МИКРОЛОКАЦИИ: Балабаница, Врпка, Рајкова Чука

ВИНАРИЈА ЕЗИМИТ

Ние веруваме дека само ако ја знаеш историјата на регионот и на луѓето што живеат таму, можеш да создадеш автентично вино кое во себе ќе ја крие сета историја на поднебјето од кое потекнува.

 

Овче Поле има вековната традиција на производство на вино, а остатоците од античката винарија во близина на нашите лозја го потврдуваат тоа. Потпирајќи се на знаењето што ни го пренесоа генерациите пред нас, но водени од иновативнот дух и врвната технологија што ги поседуваме, за кратко време успеавме да прераснеме во една од најмодерните винарии. Според организацијата „Австриски вински витези“, Езимит денес се наоѓа на 4 место во Европа.

1

ОСНОВАНА: 1994 година

2

ЛОЗОВИ НАСАДИ: 400 хектари

2

ПРОИЗВОДИ: 30 сортни и пенливи вина

4

КАПАЦИТЕТ НА ВИНАРИЈАТА: 5 милиони шишиња годишно

5

ИЗВОЗ НА ВИНАТА: 100% (ЕУ, Кина, Австралија и Канада)

6

ПРИЗНАНИЈА: Најмодерна винарија во Југоисточна Европа од организацијата „Австриски вински витези“

7

СЕРТИФИКАТИ: ISO 9001:2008 и HACCP

ГАЛЕРИЈА

ВИНАРИЈА

ЛОЗОВИ НАСАДИ

ОВЧЕПОЛСКИ РЕГИОН

КОНТАКТ

    ЕЗИМИТ ВИНО
    Ул. Брегалничка 64а, 2000 Штип
    Република Македонија

     

    Тел./факс: +389 32 392 809
    Тел./факс: +389 32 387 809

    2016